По масовните протести, властите почнаа судски процес за предавство против 10 лица во Нигерија

По масовните протести, властите почнаа судски процес за предавство против 10 лица во Нигерија

пред 4 месеци

По минатомесечните протести во Нигерија, на кои излегоа десетици илјади луѓе незадоволни од порастот на трошоците за живот, властите во земјата денеска обвинија 10 лица за предавство и заговор за бунт во армијата.

Протестите наидоа на смртоносен одговор од безбедносните сили, а според „Амнести интернешнл“, најмалку 13 лица загинаа иако безбедносните сили претходно негираа употреба на смртоносна сила, објави „Ројтерс“.

„Десет мажи беа изведени пред Врховниот суд во Абуџа денеска, каде што се изјаснија дека не се виновни, но доколку судот ги прогласи за виновни, би можеле да се соочат со смртна казна“, рече адвокатот за човекови права.

Текстот По масовните протести, властите почнаа судски процес за предавство против 10 лица во Нигерија е превземен од МАКФАКС.