По неколку месеци објавен првиот локален пренос на Ковид-19 на Нов Зеланд

пред 3 години

Високи здравствени службеници од Нов Зеланд објавија дека го испитуваат првиот потенцијален случај на локално пренесување на коронавирусот првпат по неколку месеци, а станува збор за 56-
годишна жена која дошла од странство.

По враќањето во Нов Зеланд, таа била позитивна на тестот на 30 декември, неколку дена по завршувањето на задолжителниот карантин на границата, каде што тестот покажал дека е двапати негативна, објави Ројтерс.

„ Работиме на претпоставка дека ова е позитивен случај и дека станува збор за многу заразен вид, не знаеме дали станува збор за варијантата од Јужна Африка или Британија, потенцијално и од Бразил или некој четврти“ изјави министерот за здравство, Ешли Блумфилд.

Не е познато како жената се заразила, додаде Блумфилд, но бидејќи беше позитивна на тестот неколку дена по напуштањето на карантинот, властите веруваат дека можеби имало локален пренос

Share
Scroll to Top