Словачкиот министер за одбрана: Премиерот опериран по втор пат, пациентот е стабилен, земјата е стабилна

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

пред 12 месеци

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР.

Состојбата на Фицо се подобрува, а лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица.

Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина неколку пати пукаше со пиштол во него. Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување вчера му одреди притвор на Цинтула.

Текстот По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top