Цените на нафтата денеска се искачија кон 124 долари, поттикнати од договорот на ЕУ за забрана на увоз на руска нафта од бродови и најавата за укинување на пандемските ограничувања во Шангај, индустрискиот и трговски центар на Кина. На лондонскиот пазар цената на барелот во договорите со рок на испорака во јули порасна за 2,11 долари во однос на претходното затворање, на 123,78 долари. Во договорите со рокови за испорака во август, таа се зголеми за 1,57 долари, на 119,17 долари.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
На американскиот пазар со барел се тргуваше за 3,46 долари повисока цена, на 118,53 долари. Трговците денеска се фокусираа на договорот на лидерите на ЕУ за забрана на увоз на руска нафта со бродови, која сочинува 90 отсто од вкупниот увоз. Тоа е најтешката санкција што Унијата ја воведе за Москва од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.
Увозот на сурова нафта постепено ќе се намалува во текот на шест месеци, а увозот на деривати во текот на осум месеци. Забраната нема да вклучува нафта испорачана преку гасовод, во концесија за Унгарија.
„Бидејќи две третини од рускиот извоз на сурова нафта се испорачува по морски пат, ЕУ ќе мора да најде замена за околу 1,5 милиони барели нафта дневно (bpd)“, објаснува аналитичарот на PVM, Тамас Варга.
„Количината е всушност поблиску до 2,1 или 2,2 милиона барели дневно, бидејќи Полска и Германија планираат да го прекинат купувањето нафта од гасоводот до крајот на годината“, додаде Варга.
Цените беа поддржани и од најавата на Шангај дека ќе им овозможи на граѓаните да ги напуштат своите домови и да ги користат своите автомобили од среда. Производителите собрани во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници се подготвуваат да ги зголемат испораките за само 432.000 барели дневно во јули, како и во претходните месеци, соопштија шест извори од ОПЕК +.
Во одвоен извештај, ОПЕК денеска соопшти дека барел од нафтените кошници на нејзините членки во понеделникот чинел 120,01 долар, што значи дека поскапел за 1,17 долари во однос на претходниот работен ден.