По речиси една година пандемија, во светот постојат земји кои не пријавиле ниту еден случај

пред 3 години

Пандемијата на коронавирус трае веќе една година, а сепак има девет земји кои официјално не пријавиле ниту еден случак на Ковид-19.

Тоа се Северна Кореја, Туркменистан, Самоа, Кирибати, Сојузните држави на Микронезија, Тонга, Палау, Тувалу и Науру, пренесува Б92.

Најголемата од сите, Северна Кореја (25,7 милиони жители), објави дека има еден сомнителен случај на 26 јули, но подоцна наводно со тест било потврдено дека лицето е негативно.

Северна Кореја беше првата земја што целосно ги затвори своите граници кога започна пандемијата на 21 јануари.

Туркменистан (шест милиони жители), централноазиска земја лоцирана помеѓу Казахстан, Узбекистан, Таџикистан, Иран и Авганистан, границите ги ставори пред месец и половина и нема пријавено ниту еден случај на корона.

Постојат гласини дека официјалните извештаи не одговараат на реалната состојба, а оваа земја особено го привлече светското внимание кога нејзините официјални лица во еден момент рекоа дека го забраниле постоењето на вирусот, иако подоцна следеше дообјаснување дека станува збор за погрешно пренесена изјава.

Самоа е пацифичка земја со 200.000 жители која воведе рестриктивни мерки на 25 март, а воздушниот сообраќај беше целосно прекинат.

Кирибати (120.000 жители) исто така не пријави случаи на Ковид-19, а од 30 март училиштата беа затворени на само две недели.

Сојузните држави Микронезија на (115.000 жители) исто така бргу ги забранија меѓународните летови и најпрво ги стопираа летовите од Кина и како и пристигнувањето на кинески државјани.

Тонга (105.000 жители) има строги мерки од февруари, а откако во земја во околината беше забележан случај на коронавирус, Тонга ги затвори своите граници за странци, дозволувајќи само да ја напуштат земјата.

Палау (18.000 жители), друга островска држава на Пацификот, не забележа ниту еден случај на коронавирус, иако имаше еден сомнителен случај на патник кој дошол од Гуам, но тој бил негативен на тестирањето.

Тувалу (12.000 жители) се смета за една од најмалку посетуваните земји во светот, бидејќи има помалку од 200 туристи годишно. Оттука не е изненадувачки што тие немаат забележано ниту еден случај на Ковид-19.

Науру (11.000) е толку мала земја што можете да ја обиколите за еден ден и без поголеми проблеми успеа да остане зона без ковид, а заедно со Тувалу, на годишно ниво има најмалку туристи во светот, пренесува Б92.

Share
Scroll to Top