По 30 години во Австралија осуден сериски убиец на жени

пред 3 години

Авсралијанецот познат како „Атентаторот на Клермонт“ е осуден на 40 години затвор за убиство на две млади девојки. Со ова заврши еден од најпознатите студени случаи во оваа земја, пишува Си-Ен-Ен.

Три девојки исчезнаа по една ноќ надвор, телото на едната девојка никогаш не беше пронајдено.

Џејн Ример, Сиара Гленон и Сара Спирс исчезнаа во 90-тите години додека биле излезени навечер. 25 години истражителите не го решија случајот. Но, во септември оваа година, по седуммесечно судење, 52-годишниот Бредли Роберт Едвардс беше осуден за убиство на Ример во 1997 година, која била вработена во градинка и адвокатката Гленон (27). Тој не беше осуден за убиството на секретарката Спирс,(18), чие тело никогаш не е пронајдено, бидејќи немало доволно докази.

Тој денес беше осуден во Врховниот суд во Австралија на 40 години затвор. Донесувајќи ја пресудата, судијата Стивен Хол му рече на Едвардс дека тој е „опасен предатор кој бара ранливи млади жени“.

„ Вашите постапки беа наменети, извршени со немилосрдна решеност и без каење за болката и страдањата што ги предизвикавте“, рече Хол.

Меѓу граѓаните на Перт, исчезнувањето на овие жени предизвикало голем страв. Случајот беше повторно отворен во 2016 година.

Телата на Ример и Гленон беа пронајдени во грмушки неколку недели откако исчезнаа. Двете починале од повреди здобиени на вратот од остар предмет.

Спирс, пак, последен пат била видена во раните утрински часови на 27 јануари 1996 година. Нејзиното тело никогаш не е пронајдено, но како што беше речено за време на судењето, нема индикации дека се уште може да биде жива.

Случајот со трите жени не е решен со децении, но потоа во 2016 година, полицијата дошла до нови сознанија. Таа година, Едвардс бил уапсен за две силувања, а неговата ДНК била поврзана со убиствата во Кларемонт. Исто така, влакната пронајдени на телата на Ример и Гленон се совпаѓаат со оние земени од автомобилот на Едвардс, што укажува на тоа дека биле киднапирани од тоа возило.

Share
Scroll to Top