Пратениците од партијата на Орбан ја напуштаат ЕПП

пред 3 години

Владејачката унгарска партија „Фидес“ ѝ порача на групата на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент дека нејзините пратеници се повлекуваат од таа група.

Во писмото на претседателот и премиерот на Фидес, Виктор Орбан, објавено на Твитер од заменик-претседателот на „Фидес“, Каталин Новак, се вели дека е разочарувачки што, додека Европа се справува со пандемија, ЕПП е зафатена со намалување на правата на своите претставници, објави „Ројтерс“.

„ Ова е антидемократско, нефер и неприфатливо“ напиша Орбан.

Членовите на ЕПП гласаа за промена на правилата за да се овозможи исклучување на унгарската владејачка партија „Фидес“ од нивната група, изјави денеска портпаролот на ЕПП.

Многу партии членки на ЕПП се спротивставуваат на членството на десничарската партија на премиерот Виктор Орбан, за која велат дека се заканувала на демократијата во Унгарија. „Фидес“ ги негира обвинувањата.

Од околу 180 членови на ЕПП во Европскиот парламент, 148 ги одобрија измените, 28 беа против, а четворица беа воздржани.

Share
Scroll to Top