Пратениците од Њујорк предложија закон со кој вакцината против Ковид-19 ќе биде задолжителна

пред 4 години

Демократите во САД вчера во Народното собрание предложија закон со кој се наложува вакцинацијата против Ковид-19 да биде задолжителна во Њујорк. Предложениот закон се најде на удар на критикчарите, кои потсетија на законот за абортус од минатата година и прашаа: „Каде заминаа нашите права за контрола на сопствените тела?“

Законот, предложен од страна на демократката Линда Розентал од Менхетен, беше претставен во Собранието, каде таа нагласи дека вакцината ќе биде задолжителна во одредени ситуации. А подоцна пак било наведено дека законот би важел за сите поединци или групи за кои, според клиничките податоци, е докажано дека се безбедни за примање на вакцината.

Законот би бил активиран доколку службениците од јавното здравство утврдат дека жителите на Њујорк „не развиваат доволен имунитет од Ковид-19. Единствен исклучок би биле луѓето кои имаат исклучоци напишани од страна на нивните лекари, од медицински причини.

Притисокот за воведување задолжителна имунизација е ироничен пресврт во Њујорк, каде гувернерот Ендру Куомо изрази сомнеж за тоа дали да и` се верува на вакцината, што ќе ја одобри администрацијата на Трамп. Тој го опиша потенцијалното пристигнување на вакцината како „лоша вест“.

Share
Scroll to Top