Првата дама на Франција поднесе тужба против две жени кои тврдат дека се родила како маж

пред 2 години

Сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон поднесе тужба против две жени кои ширеле дезинформации на интернет дека првата дама е родена како маж.

Првото рочиште во таа постапка е закажано за 15 јуни.

Две жени, едната претставувајќи се како пророк, а другата како независна новинарка, пријавиле дека Брижит Макрон е трансродова личност.

Кон тужбата се приклучија братот и трите деца на првата дама, а се однесува на нарушување на приватноста и злоупотреба на фотографии.

Веќе неколку месеци на социјалните мрежи се појавуваат информации според кои Брижит Макрон со моминско презиме Троње е родена како маж и се викала Жан Мишел.

Share
Scroll to Top