Првиот политичар од ОВП се дистанцираше од поранешниот канцелар: Курц треба целосно да се повлече

пред 3 години

Гувернерот на австриската покраина Тирол, Гинтер Платер, по оставката на Себастијан Курц поради истрагата започната против поранешниот канцелар поради корупција и поткуп, е првиот политичар од редовите на народната партија (ОВП) на Курц што одлучи да се дистанцира од него.

Иако Платер првично се залагаше Курц да остане на функцијата канцелар, сега смета дека обвинувањата против водачот на ОВП се тешки. Во изјава за весникот „Тиролер тагесцајтунг“, тој побара од новиот канцелар Александар Шаленберг да ја води владата „без влијание, и според неговата идеја“.

„ По изборот на Курц за шеф на парламентарниот клуб на ОВП во парламентот, важно е секој да ги извршува своите задачи во иднина“ рече тој.

Платер посочува дека е важно за Шаленберг сега да ги постави потребните насоки и јасно да ја дефинира независната политика на неговата влада. Тој очекува дека, по кризата, ќе следи мир во владата и дека не треба да се размислува за предвремени избори.

Курц беше остро нападнат од претседателот на Тиролската работна комора, Ервин Кангерл, кој смета дека Курц треба целосно да се повлече.

Share
Scroll to Top