На руски војник денеска треба да му се суди за наводното убиство на невооружен украински цивил – првиот случај за воени злосторства што е сослушан од почетокот на руската инвазија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Наредникот Вадим Шишимарин е обвинет дека пукал во глава на 62-годишен маж преку отворен прозорец на автомобилот во североисточното село Чупахивка.
Тој се соочува со доживотен затвор според украинскиот кривичен закон, кој се занимава со законите и обичаите на војната.
Неговиот адвокат Виктор Овсијаников изјави дека случајот против него е силен, но конечната одлука за тоа какви докази ќе дозволи ќе ја донесе судот во Киев, пренесува АП.
Тој рече дека тој и неговиот клиент се уште не одлучиле како да се изјаснат, пишува Би-Би-Си.
Канцеларијата на главниот украински обвинител, Ирина Венедиктова, соопшти дека истражува повеќе од 10.700 потенцијални воени злосторства во кои се вклучени повеќе од 600 осомничени, вклучително и руски војници и владини претставници.