Прв случај на флурон во светот е регистриран во Израел – истовремено зараза со Ковид-19 и грип

пред 3 години

Првиот случај на „флурон“, односно истовремена инфекција на коронавирус и грип е забележан во Израел.

Според „Њузвик“, првиот случај на „флурон“ е забележан кај жена во израелскиот град Петах Тикви.

Професорот Арнон Вижницер, директор на гинеколошкиот оддел во градската болница, изјави за израелските весници дека мајката била позитивна на коронавирус и грип веднаш штом била примена. За да бидат сигурни, тие го повториле тестот уште еднаш.

Вижницер додаде дека мајката не била вакцинирана противкоронавирус или грип, но немала особено силни симптоми. Таа се чувствува добро и се очекува да биде пуштена од болница во четврток.

Ова е прв документиран случај на коронавирус и грип во исто време, но здравствените експерти веруваат дека имало и други кои не се документирани.

Израелското Министерство за здравство го истражува случајот и се обидува да утврди дали може да предизвика посериозно заболување, објавија израелските медиуми.

Share
Scroll to Top