Прв смртен случај во Канада по вакцинирање со „астразенека“

пред 4 години

Првиот смртен случај на лице кое доби крвно згрутчување откако беше вакцинирано со вакцина на „Астразенека“ е потврден во канадската провинција Квебек.

Досега, најмалку пет случаи на згрутчување на крвта се потврдени низ цела Канада по вакцинирањето, но официјалните лица сепак тврдат дека придобивките од вакцинацијата ги надминуваат потенцијалните ризици, пишува „Ројтерс“.

Министерот за здравство на Квебек потврди дека досега во таа провинција околу 400.000 лица биле вакцинирани со препаратот на компанијата „Астразенека“.

Share
Scroll to Top