Преку прозорец влегол во куќа во Белград, легнал до девојка и ја допирал

Преку прозорец влегол во куќа во Белград, легнал до девојка и ја допирал

пред 10 месеци

21-годишно лице влегло преку прозор во куќа во Белград и легнало до девојка која во тој момент била во куќата и спиела па почнал да ја допира по телото. Српските медиуми пренесуваат дека судот му одредил 30-дневен притвор на лицето Б.Б.

Тој е приведен за да не влијае врз сведоците, се вели во соопштението на обвинителството.

На рочиштето осомничениот се бранел со молчење, а против него е поднесена кривична пријава за кривично дело сексуално вознемирување.

Обвинетиот се товари дека преку прозорецот од бањата влегол во куќата на жртвата во Белград, стигнал до просторијата во која жртвата спиела, легнал во нејзиниот кревет и со раце ја допирал по телото.

Текстот Преку прозорец влегол во куќа во Белград, легнал до девојка и ја допирал е превземен од МАКФАКС.