Преполни мртовечници во Калифорнија, починатите од коронавирус ќе бидат чувани во камиони-ладилници

пред 3 години

Американската држава Калифорнија дистрибуираше 166 камиони-ладилници како привремени мртовечници со цел да излезат на крај со недостатокот на капацитет во пренатрупаните болници поради големиот број смртни случаи од последиците на Ковид-19.

Калифорнија се обидува да закрепне од пандемијата на коронавирус, но само минатата недела починаа 2.500 луѓе од Ковид-19, повеќе отколку во која било друга федерална држава, па затоа мртовечниците се полни.

Мртовечниците и погребалните претпријатија ги одбиваат ужалените семејства затоа што ги исцрпиле капацитетите за прифаќање на починатите, пренесува „Лос Анџелес тајмс“.

Болниците во Лос Анџелес се толку преоптоварени што Итната помош доби инструкции да не превезуваат пациенти кои имаат многу мали шанси да преживеат.

Зголемувањето на бројот на заразени лица беше забележано уште пред Денот на благодарноста, по што ширењето на вирусот поради семејни собири само забрза, а сега Калифорнија, откако ги прослави Божик и Нова година, се подготвува за ново драматично зголемување на бројот на заразени лица.

Share
Scroll to Top