Претседателот на Белорусија: Ќе и помогнеме на Русија во случај на агресија врз неа

пред 3 години

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека во светот расте агресијата и дека изборот се или нови договори меѓу клучните земји или војна.

Во своето обраќање во парламентот, Лукашенко рече дека Минск ќе учествува во борбени операции во случај на воена агресија врз Русија, пренесува РИА Новости.

Во последните месеци, односите меѓу Русија и Западот станаа напнати, бидејќи Вашингтон и Брисел ја обвинуваат Москва дека подготвува инвазија на Украина.

Share
Scroll to Top