Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

пред 3 години

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по враќањето од Германија во Русија.

„Апсењето на Навални по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо“, рече Мишел. Тој ги повика руските власти веднаш да го ослободат Навални.

Рускиот опозициски лидер беше приведен вечерва на московскиот аеродром Шереметјево на пасошка контрола по враќањето во Русија од Германија, каде се лекуваше за наводното труење.

На неговата сопруга Јулија, како и неговиот портпарол и адвокат им беше дозволено да влезат во Русија.

Share
Scroll to Top