Претседателот на Шри Ланка се обидел да побегне од земјата, но бил спречен на аеродромот

пред 2 години

Претседателот на Шри Ланка е заглавен во својата земја во понижувачки судир со имиграциониот персонал на аеродромот што го спречи да отпатува на безбедно во странство, изјавиле официјални извори. Готабаја Раџапакса вети дека ќе поднесе оставка во средата и ќе го отвори патот за мирен трансфер на власта по големите протести против него поради економската криза во земјата, се наведува во извештаите на медиумите од светот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Претседателот (73) ја напушти својата официјална резиденција непосредно пред десетици илјади демонстранти да упаднат во резиденцијата и да се обиде да отпатува во Дубаи, соопштиле официјални лица. Според нив, Раџапакса има имунитет и не може да биде уапсен како претседател и се верува дека сака да замине во странство пред да поднесе оставка за да ја избегне можноста за апсење.

Опишувајќи ја ситуацијата на терен, во новинарските извештаи е наведено дека службениците за имиграција не сакале да одат во ВИП салонот и таму да му стават печат на пасошот, а Раџапакса кажал дека нема да оди на шалтер бидејќи се плаши од одмазда од другите корисници на аеродромот. Претседателот и неговата сопруга ја поминале ноќта во воена база во близина на главниот меѓународен аеродром, откако пропуштиле четири летови кои можеле да ги однесат до Обединетите Арапски Емирати.

Најмладиот брат на претседателот, кој поднесе оставка во април како министер за финансии, го пропуштил летот за Дубаи рано во вторникот по сличен отпор од персоналот на аеродромот. Тој се обидел да ја користи платената услуга за деловни патници, но персоналот на аеродромот и персоналот за имиграција кажале дека се повлекуваат од лентата за брза услуга.

„Беше тензична ситуација, па набрзина го напушти аеродромот. Имаше некои други патници кои се спротивставија да се качи на нивниот лет“, изјави претставник на аеродромот за АФП.

„Тоа беше тензична ситуација, па тој набрзина го напушти аеродромот“, додал тој.

Канцеларијата на претседателот не објави ажурирани информации за тоа каде се наоѓа претседателот, но Раџапакса останува врховен командант на вооружените сили со воени ресурси на располагање, според агенциите.

Се уште му е отворена опцијата да отплови до Индија или Малдиви со брод на морнарицата, изјавил извор од секторот за одбрана.

Според извештаите, Шри Ланка не го исполни својот надворешен долг од 51 милијарда долари во април и преговара со ММФ за можна финансиска помош. Островот речиси ги исцрпи своите и онака скудни резерви на бензин. Владата нареди затворање на несуштинските канцеларии и училишта за да се намали патувањето и да се заштеди гориво.

Share
Scroll to Top