Претставникот на Киев во ОН: Ако Украина не преживее, нема да преживее ниту светскиот мир

пред 3 години

На специјална седница на Генералното собрание на ОН, Украина и западните земји апелираа до меѓународната заедница да ја поддржи нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН со која се осудува руската инвазија на Украина и се повикува на итен прекин на огнот.

„Ова е историски момент. Многупати во минатото, меѓународната заедница беше слепа или бавна да реагира на тековните трагедии. Цената за тоа ја платија генерации. Не смееме повторно да ја правиме истата грешка и мора да направиме нешто“, изјави евроамбасадорот во ОН, Олоф Ског, пренесуваат агенциите.
Западот и Украина тврдат дека војната ги загрозува принципите на ОН и меѓународниот поредок.

„Ако Украина не преживее, нема да има илузии ниту за меѓународниот мир ниту ОН. Ако Украина не преживее, немојте да се чудите дека следна ќе падне демократијата“, изјави украинскиот претставник во ОН, Серги Кислија.

Рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, изјави дека Москва дејствува во самоодбрана и рече дека инвазијата е одбрана на принципите на Повелбата на ОН.

Share
Scroll to Top