Претставници на ЕУ: Трамп доби часовник и златна прачка за да ги намали царините за Швајцарија

Претставници на ЕУ: Трамп доби часовник и златна прачка за да ги намали царините за Швајцарија

пред 2 часа

Функционери на Европската Унија и Швајцарија денес оценија дека подароците што група швајцарски милијардери му ги дале на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи златен часовник „Ролекс“ и гравирана златна прачка во вредност од 130.000 долари (околу 113.000 евра), биле „непочитувачки“ и дека биле дадени за Швајцарија да добие намалување на царините од Соединетите Американски Држави.

Италијанскиот член на Европскиот парламент, Пасквале Тридико, изјави дека е „згрозен“ од скапите подароци, кои биле дадени неколку недели пред Трамп да одлучи да ги намали царините од 39 проценти за швајцарскиот увоз на 15 проценти, објави „Гардијан“.

„Ова е навистина ужасно“, рече Тридико, наведувајќи дека се чини дека станува збор за „претворање на надворешната политика во политика на поединци“.

Фото: принтскрин

Текстот Претставници на ЕУ: Трамп доби часовник и златна прачка за да ги намали царините за Швајцарија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top