Признал дека двапати гледал порнографија, британскиот пратеник поднесe оставка

пред 2 години

Нил Периш за Би-Би-Си изјавил дека поднесува оставка од функцијата пратеник откако признал дека двапати гледал порнографија во Долниот дом.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Периш кажал дека тоа бил „момент на лудило“ и дека не е горд на она што го направил.

Тој рече дека првиот пат бил случаен, но вториот пат бил намерен.

Конзервативната партија го суспендираше во петокот поради обвинувањата.

Двајца колеги тврдеа дека го виделе како гледа содржина за возрасни на својот телефон додека седел во нивна близина.

Тој претходно за Би-Би-Си изјави дека целосно ќе соработува во истрагата.

„Секако дека е срамота. И тоа е срам за мојата сопруга и семејството и тоа е мојата главна грижа во моментов. Имам сопруга која ме поддржува и и благодарам за тоа“, изјавил британскиот пратеник.

Запрашан дали по грешка отворил нешто на телефонот, тој рече: „Да, но истрагата нека погледне“.

„Ќе ги чекам наодите од истрагата и потоа ќе го разгледам мојот став. Нема да останам ако бидам прогласен за виновен“, изјавил Периш.

Share
Scroll to Top