Приштина бара итен прием во НАТО за стабилност на регионот

пред 3 години

Членството на Косово во НАТО е итна потреба за гарантирање на безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко, порача претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу за време на приемот на претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, кој се наоѓа во посета на Приштина.

Џафери ја повтори поддршката на Северна Македонија за евро-атлантските аспирации на Косово и нашата подготвеност за давање придонес во таа насока, како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ. Република Северна Македонија, исто така, ќе продолжи со поддршката за пристапување на Република Косово кон меѓународните организации и регионалните иницијативи, рече Џафери.

Садриу, се осврна и на важноста од континуираната соработка меѓу двете земји и поинтензивната динамика на контактите и дијалогот. Таа, исто така порача дека граѓаните на Косово се посветени на зачленувањето во ЕУ и во таа насока оцени дека иницијавата „Отворен Балкан“ не е во прилог на таа цел. Османи Садриу ја нагласи незаменливата улога на парламентите во донесувањето на одлуки и пренесувањето на пораки, особено во поглед на актуелните настани. Таа истакна дека Косово, на сите форуми на кои што учествува, постојано ја повторува својата поддршка за започнувањето на преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија.

Соговорниците најостро ја осудија воена агресија на Руската Федерација врз Украина и ја нагласија потребата од координација за сите можни негативни ефекти во регионот, како и обединувањето на силите и гласот на подршка со запдните пратнери.

Share
Scroll to Top