Продажбата на „Бентли“ и „Ламборџини“ вртоглаво расте бидејќи на богатите им е досадно

пред 3 години

Ако продажбата на автомобили минатата година поради затворање на фабрики и други нарушувања предизвикани од пандемијата, претрпе штети, продажбата на луксузни автомобили, како што се „Ферари“, „Бентли“ и „Ламборџини“, доживеа огромен раст кон крајот на 2020 година.

„Јас се занимавам со овој бизнис 40 години и никогаш не сум го видел ова“, рече Брајан Милер, претседател на „Менхетен моторс“, претставник на ултра луксузни брендови.

Во САД, вкупната продажба на патнички автомобили падна за 10% минатата година во однос на 2019 година. Дури и кога продажбата на автомобили нагло закрепна во четвртиот квартал, таа го достигна само нивото на четвртиот квартал од 2019 година, изјави Тајсон Џомини.

Сепак, продажбата на автомобили кои чинеа над 80.000 американски долари беше скоро двојно поголема во четвртиот квартал од минатата година. И тоа за автомобили кои чинат повеќе од 100.000 американски долари, продажбата во САД се зголеми за 63% во истиот квартал, рече Џомини.

Рапидно растечкиот пазар, одигра голема улога, рече тој. И бидејќи богатите не можеа да трошат пари на патувања, многумина се свртеа кон луксузни добра, како што се скапи автомобили.

Клиентите често ги нарачуваат овие автомобили според точните спецификации и ги чекаат со месеци, рече Милер. Но, честопати продавачите чуваат на залиха дел од автомобилите за да ги продадат на оние кои сакаат уште истиот ден да се возат со нивниот нов „Ролс-Ројс“ или „Ламборџини“ . Тоа во моментов едноставно не е можно, рече тој. Не е можно да се чуваат автомобили во складиште.

Милер растечкиот бум делумно им го препишува на луѓето кои немаат многу активности и одговорности поради пандемијата со Ковид-19, па затоа тие поминуваат време гледајќи во скапи автомобили преку Интернет.

Една од најзначајните работи во врска со растот на продажбата, рече Џомини, е тоа што клиентите се претежно млади луѓе.

„Богатите милениумци кои работат во ИТ во Остин сега се големи клиенти“, рече тој.

Share
Scroll to Top