Продолжува потрагата по најмалку девет рудари по лизгање на земјиште во рудник за злато во Турција

Продолжува потрагата по најмалку девет рудари по лизгање на земјиште во рудник за злато во Турција

пред 3 месеци

Стотици спасувачи во Турција денеска ја продолжуваат потрагата по најмалку девет работници затрупани во рудник за злато на истокот на земјата, кој беше погоден од огромен одрон.

Свлечиштето започна во вторникот во рудникот Коплер во планинската провинција Ерзинџан, на истокот на Турција, пренесува АП.

Околу 800 спасувачи, вклучително и полициски и воени тимови, се распоредени во потрага по девет рудари, за кои се стравува дека се затрупани во рудникот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Покрената е истрага за оваа катастрофа, а експертите во меѓувреме предупредија дека лизгањето на земјиштето може да претставува ризик за животната средина.

Овој рудник беше затворен во 2020 година по истекување на цијанид во реката што минува низ Турција, Сирија и Ирак.

Повторно беше отворен две години подоцна, откако компанијата беше казнета и операцијата за чистење беше завршена, според АП.

Текстот Продолжува потрагата по најмалку девет рудари по лизгање на земјиште во рудник за злато во Турција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top