Пронајдени телата на 22-те лица од хеликоптерот што се урна на Камчатка

Пронајдени телата на 22-те лица од хеликоптерот што се урна на Камчатка

пред 10 месеци

Руските служби за вонредни состојби денеска соопштија дека ги извлекле телата на 22-те лица што се наоѓале во хеликоптерот, кој се урна на далечниот исток на Русија.

Несреќата се случила на Камчатка, недопрен полуостров со многубројни вулкани, познат по својата убавина и богатиот животински свет.

Хеликоптерот „ми-8“ со 19 патници и тројца члена на екипажот полетал од базата во близина на вулканот Вачкажец, а спасувачите ги лоцирале остатоците следниот ден.

Руската државна новинска агенција „РИА новости“ објави, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации, дека најверојатно се урнал поради лошите временски услови, односно слабата видливост.

Поведена е истрага за можна грешка на пилотот или технички дефект.

Авионот ѝ припаѓал на авиокомпанијата „Витјаз-аеро“ за која руските медиуми наведуваат дека е еден од најголемите превозници во регионот на Камчатка.

По хеликоптерската несреќа во 2021 година, во која загинаа осум лица, властите и забранија на компанијата да превезува патници во очекување истрага за можни прекршувања на правилата за воздухопловна безбедност.

Текстот Пронајдени телата на 22-те лица од хеликоптерот што се урна на Камчатка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top