Пронајдени тинејџерките кои со денови беа исчезнати во Грција

Пронајдени тинејџерките кои со денови беа исчезнати во Грција

пред 6 месеци

Среќно заврши потрагата по 13-годишната Елефтерија и 14-годишната Катерини во Калитеа, Грција, кои беа исчезнати од четвртокот на 30 ноември, јавуваат грчките медиуми.

Според соопштението на грчката невладина организација „Насмевката на детето“, двете девојчиња биле пронајдени утрово и се во добра здравствена состојба. Воедно, како што нагласуваат од организацијата, ќе им биде дадена психолошка поддршка и се’ друго што е потребно во такви ситуации.

Девојчињата биле затекнати на подрачјето на општина Агиос Димитриос, но засега грчките медиуми не објавија како и зошто исчезнале. Според претходно објавените информации, двете тинејџерки влегле во такси по што им се изгубила секаква трага.

Текстот Пронајдени тинејџерките кои со денови беа исчезнати во Грција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top