Прослава во Египет за преместување на мумии во нов музеј

пред 3 години

Денес во Египет се одржа свечена парада и прослава по повод преместувањето на 22 скапоцени мумии од стариот музеј во центарот на Каиро во новата зграда на Националниот музеј на египетска цивилизација, која исто така се наоѓа во главниот град.

Церемонијата беше дизајнирана да го прикаже огромното археолошко наследство и културното наследство на Египет.

Мумиите биле транспортирани во специјални климатизирани саркофази, со камиони украсени со крилја во фараонски обележја, а египетската артилерија испукала 21 почесен плотун по повод овој настан.

Повеќето мумии се од периодот на Новото кралство од 1539 до 1075 година п.н.е., а меѓу нив има и мумии на Рамзес Втори, еден од најпознатите египетски фараони и кралицата Хатешепсут.

Таа беше единствената жена во позиција на фараон која владееше како маж носејќи лажна брада за да нема сомнеж дека со традиционалниот, патријархален Египет владее жена, објави Министерството за антика на Египет.

Share
Scroll to Top