Протерани двајца членови на Националната гарда

пред 3 години

Двајца припадници на Националната гарда се протерани од безбедносната мисија што ќе ja обезбедува инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.

Американски воен службеник и висок американски разузнавачки службеник изјавија дека е утврдено дека двајцата припадници на Националната гарда се поврзани со екстремистичка десничарска група.

Двајцата службеници дадоа изјава за АП, под услов да не бидат именувани поради прописите за медиумите на американското Министерство за одбрана, без да наведат во која екстремистичка група биле членовите на гардата или во која единица служеле.

Share
Scroll to Top