Три лица се повредени во неделата во жестоки судири во Норчепинг, југозападно од Стокхолм, меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираат против помалата екстремно десничарска партија која планира јавно да го запали Куранот, соопшти шведската полиција.
– Полицијата испука предупредувачки истрели. Три лица се ранети, најверојатно од отфрлени куршуми и сега се на лекување во болница, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека се повредени три лица, чија здравствена состојба не е позната. Ова е втор ваков конфликт во последните четири дена во Норчепинг.
Во првиот конфликт, демонстрантите протестираа против митингот на антиимиграциското и антиисламското движење „Тврда линија“, предводено од данско-шведскиот државјанин Расмус Палудан.
Во неделата тие повторно протестираа против одржувањето на уште еден митинг, од кој Палудан на крајот се откажа.