Птичји грип во природен резерват во Израел

пред 2 години

Повеќе од 5.000 диви птици преселници угинаа како последица на птичји грип во природниот резерват Хула во северниот дел на Израел. Властите затворија местото за посетители и најавија можен недостиг на јајца бидејќи домашната живина во тој дел на земјата се уништува поради претпазливост.

„Ова е најлошиот удар за дивите животни во историјата на нашата земја“, рече израелската министерка за животна средина Тамар Зандберг.

Израелските медиуми предупредија дека децата кои го посетиле резерватот можеби биле во контакт со вирусот и на тој начин придонеле за ширење на заразата.

Share
Scroll to Top