Пукање на забава во Питсбург, има убиени и повредени, луѓе скокале од прозорци за да се спасат

пред 3 години

Двајца тинејџери се убиени, а осум лица се повредени во пукање за време на забава во Питсбург на која присуствувале околу двесте луѓе.

Очевидци велат дека се слушнале 50 истрели, а некои скокнале од прозорците за да се спасат. Полицијата трага по напаѓачите.

Пукањето се случило половина час по полноќ, а на видеото до кое дојде „Еј-Би-Си њуз“ се слушаат врисоци и се гледа паника кај учесниците на забавата кои се обидувале да побегнат. Некои се сопнаа, паѓајќи по скалите.

Некои од ранетите биле пронајдени во близина на куќата во која се одржувала забавата и со возило на брза помош биле пренесени во болница, додека други отишле со своите автомобили, соопшти полицијата.

Застрелани десет лица, од кои двајца 17-годишни им подлегнале на повредите.

Полицијата потврди дека во престрелката учествувале неколку лица.

Ова е трето пукање за девет дена на забави во изнајмени куќи во САД. Претходните се случија во Сакраменто и Хјустон.

Share
Scroll to Top