Пукање пред болница во Париз, едно лице убиено, напаѓачот во бегство

пред 3 години

Едно лице загина, а едно е рането во пукање пред болница во Париз. Напаѓачот побегнал со мотор, пренесуваат француските агенции.

Информациите за нападот ги објави АФП, повикувајќи се на извори блиски до полицијата.

Нападот се случил пред болницата Херни-Данан во 17-тиот париски арондисман. Станува збор за болница во сопственост на Црвениот крст.

Share
Scroll to Top