Путин: Американското мешање во Авганистан резултираше само со трагедии и загуби

пред 3 години

Вашингтон 20 години се обидуваше да ги воведе своите стандарди во Авганистан, кои резултираа само со трагедии и загуби, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Дваесет години американските војници беа присутни на таа територија и дваесет години се обидуваа, и можеме да кажеме дека без да повредиме нечии чувства, да ги ‘цивилизираат’ луѓето што живеат таму“, рече рускиот лидер.

Меѓутоа, во реалноста, според Путин, тие се обиделе да ги „воведат своите норми и стандарди на живеење“ во најширока смисла на зборот, вклучително и политичкиот систем на нивното општество.

„Ова резултираше само со трагедии и загуби – за оние што го направија тоа, за Соединетите држави, и уште повеќе за луѓето што живеат на територијата на Авганистан“,  рече Путин.

Share
Scroll to Top