Русија ја смета Индија за голема сила и безбеден сојузник, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по пристигнувањето во Њу Делхи.
„ Ние ја сметаме Индија за голема сила, пријателска нација и сигурен сојузник“, им рече Путин на новинарите пред средбата со премиерот Нарендра Моди.
Путин е во Индија за зајакнување на воената и енергетската соработка. Ова е второ патување на Путин во странство од почетокот на пандемијата на коронавирус.
Првото патување беше во јуни, кога тој замина во Женева на средба со американскиот претседател Џозеф Бајден.