Путин ги спореди санкциите кон руската култура со нацистичкото палење книги

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин го спореди отстранувањето на руските уметници од културните програми во некои западни земји со палењето книги од страна на нацистите.

„Последниот пат нацистите во Германија, пред речиси 90 години, водеа таква кампања за уништување на една непожелна култура. Добро се сеќаваме на сликите од запалени книги на јавни места“, истакна Путин на средба со културните работници.

Тој нагласи дека Западот се обидува да ја уништи руската култура со откажување на делата на големите композитори Пјотр Илич Чајковски, Дмитриј Шостакович и Сергеј Рахмањинов, бранејќи ги руските писатели и нивните книги.

Путин и другите руски функционери често ја споредуваат нацистичка Германија и денешниот Запад, кој го обвинуваат дека води русофобна кампања, во изминатиот месец од почетокот на руската инвазија на Украина.

Share
Scroll to Top