Путин го одржа говорот најавен како екстремно важен, предвиде промена на политичките елити во ЕУ

пред 2 години

Рускиот претседател, Владимир Путин, одржа говор на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Економскиот блицкриг против Русија немаше шанси за успех“, нагласи тој.

Рече дека Европската унија ја губи глобалната конкурентност поради санкциите што ги вовела кон Русија.

„Европските политичари и зададоа сериозен удар на нивната економија со своите потези“, посочи рускиот претседател.

„Само директните загуби на Европската унија од лудилото на санкциите можат да надминат 400 милијарди долари годишно“, рече Путин и додаде дека трошоците ќе ги сносат граѓаните.

Тој предвидува дека Европа дополнително ќе ја влоши нееднаквоста и дека, како резултат на тоа, ќе има раздор во општеството. Рече дека Европа направила економски грешки. Според него, тоа ќе доведе до излив на радикализам, а во иднина и до промена на политичките елити во ЕУ.

Рече и дека Европската унија го изгубила својот политички суверенитет, дека нејзините бирократски елити играат на туѓи мелодии, му нанесуваат штета на населението, а вистинските интереси на Европејците и националниот бизнис се занемаруваат и се туркаат настрана.

„Неуспешната енергетска политика придонесе за раст на цените во Европа. Русија нема никаква врска со поскапувањето на енергијата, цените на горивата почнаа да растат многу пред специјалната операција“, истакна Путин.

Рускиот претседател најави дека е можно Русија во иднина значително да го зголеми извозот на храна и ѓубрива, а обемот на залихи на жито следната сезона би можел да се зголеми на 50 милиони тони.

Според него, има неколку опции за извоз на украинско жито одеднаш, но само властите во Киев ќе одлучат како да го направат тоа. Тој исто така рече дека не треба да се фокусираат на нивните сопственици од другата страна на океанот.

Путин го обвини Западот дека пумпа оружје во Украина и ја финансира русофобијата во земјата.

Тој рече дека верува оти западните санкции отвораат нови можности за земјата.

Според неговите зборови, идејата за западни санкции е изградена врз лажна претпоставка дека руската економија не е суверена.

„Сите кои продолжуваат да работат со Русија се под притисок на европските земји, тие се соочуваат со директни закани. Сепак, Русија ќе продолжи да комуницира со западните компании кои соработуваат со Москва и покрај притисокот“, нагласи Путин.

Во својот говор тој рече дека благодарение на високата технологија, Русија има хиперсонично оружје, на кое сè уште му нема рамно во светот.

$bp(“Brid_55478124”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”1034903″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Рускиот претседател е убеден дека правилата на новиот светски поредок ќе постават силни, суверени држави кои не одат по патот што друг го зацртал.

Рускиот лидер е убеден дека е неопходно да се обезбеди развој на економија заснована на приватен бизнис и да се продолжи со олеснување на административните оптоварувања во Русија. Тој, исто така, предложи внимателен пристап кон декриминализацијата на економските структури, на пример за оние кои работат без дозвола.

Како што претходно објавија руските медиуми, неговиот говор бил одложен поради хакерски напад. Тој започна со поздравување на учесниците и гостите на форумот што се одржува, како што рече, во тежок момент за целата светска заедница.

Тамошните медиуми пред неколку дена го најавија договорот како исклучително важен.

Share
Scroll to Top