Путин го повика Лукашенко да разговара со опозицијата во Белорусија

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин апелираше до белорускиот претседател Александар Лукашенко да започне дијалог со опозицијата, која, како што пренесуваат медиумите во светот е задушена од режимот во Минск.

„Има проблеми и ние сме целосно свесни за тоа. Повикуваме на дијалог меѓу властите и опозицијата во Белорусија“, рече Путин за време на говорот во Москва.

Според анализите на новинарите од август 2020 година, белорускиот режим ги задушува опозициските протести што избувнаа по претседателските избори на кои Лукашенко беше избран за новиот мандат, додека неговите противници тврдат дека гласањето било наместено.

Во тие протести загинаа неколку луѓе, додека неколку стотици беа уапсени или избегаа од земјата.

САД и Европската Унија воведоа санкции против белоруските претставници и Лукашенко, но властите во Минск сметаат на финансиската и воено-политичката поддршка на Москва.

Главниот противник на Минск, Светлана Тихановскаја, која живее во егзил во Литванија, ја поздрави поканата на Путин, наведувајќи дека условите за дијалог не се исполнети.

„Немав контакт со Кремљ. Но, го поздравувам повикот за дијалог. Сепак, дијалогот не може да започне во затвор. Сите политички притвореници мора да бидат ослободени, а насилството мора да престане“, рече таа.

Според белоруската невладина организација „Вјасна“, во моментов во Белорусија има 873 политички затвореници.

Share
Scroll to Top