Путин го претстави планот за Крим

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го претстави својот план за Крим.

Тој рече дека голем проблем е водоснабдувањето на таа територија.

„Ништо не е направено со децении за да се реши овој проблем“, рече Путин.

Додаде дека Русија направила нови системи за водоснабдување на Крим и оти треба да се забрзаат сите инфраструктурни проекти.

„Ова е важна работа за развојот на туризмот и економијата, мора да направиме се’ за да го решиме“, рече тој.

Путин истакна дека и покрај санкциите на кои Русија е изложена поради воената операција, работата на проектите за Крим мора да продолжaт.

„Мораме да работиме на Крим, уште повеќе“, посочи тој.

Путин рече дека големите руски компании, вклучително и банките кои порано се плашеа од санкции, сега можат да почнат да работат на Крим.

Путин нареди државната програма за развој на Крим и Севастопол да биде продолжена до 2027 година, а во иднина – до 2030 година.

„Имаме уште многу да направиме за проширување на сообраќајната, енергетската и друга инфраструктура. Во таа насока, предлагам да се прошири државната програма за социо-економски развој на Република Крим и градот Севастопол“, рече Путин.

Обединувањето на Крим и Русија беше правилна и навремена одлука, рече Путин.

Според него, за исправноста на таквата одлука сведочи и она што се случува во Донбас.

„Луѓето на Крим и Севастопол победија, тие го направија својот слободен, свесен избор да бидат заедно со Русија. Изминатите години убедливо покажаа колку овој избор беше правилен и навремен. Погледнете само што се случува денес во Донбас“, рече Путин.

Share
Scroll to Top