Путин до руските војници: Покажувате големо херојство – другари, борбата вклучува зголемен ризик

пред 3 години

По повод Денот на националната гарда, рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на војниците кои се борат во Украина и им порача дека борбата вклучува зголемен ризик.

„ Честитки за Денот на руската национална гарда. Националната гарда, која беше основана пред шест години, стана незаменлив и сигурен дел од државниот систем кој обезбедува владеење на правото и спроведување на законот, како и заштита на правата и интересите на нашите граѓани“, рече Путин.

„ Би сакал посебно да му се обратам на персоналот на Националната гарда вклучен во специјалната воена операција во Донбас и Украина. Другари, борбените услови вклучуваат зголемен ризик. Свесен сум како се однесувате во оваа ситуација – исклучително храбри и професионални, и бестрашни, компетентно и прецизно ги исполнувате најсложените задачи, а во исто време покажувате херојство“ – рече Путин.

Руските вооружени сили го уништија украинскиот воен магацин, во кој се наоѓаа системите С-300 и Бук, во селото Плесетскоје, во близина на Киев, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

Share
Scroll to Top