Путин им го честита 8 Март на жените

пред 3 години

Во специјалната воена операција во Украина ќе учествуваат само професионални војници, најави рускиот претседател Владимир Путин.

Според него, во војната нема да учествуваат регрути, ниту пак ќе бидат повикани војници од резервниот состав.

Во честитката по повод Денот на жената – 8 март, претседателот им се обрати на роднините на војниците кои сега учествуваат во специјална воена операција, јави синоќа агенцијата РИА Новости.

„ Сакам да апелирам до мајките, сопругите, сестрите, невестите и девојките на нашите војници и офицери кои сега се борат, кои ја бранат Русија за време на специјална воена операција. Разбирам како се грижите за вашите најблиски. Можете да бидете горди на нив и целата земја се гордее со нив. Јас се грижам за нив заедно со вас. Нагласувам дека војниците кои служат воен рок не учествувале и нема да учествуваат во конфликти и дека нема да има дополнителен повик за резервисти“, рече Путин.

Тој нагласи дека поставените задачи ги решаваат само професионалните војници и додаде дека е сигурен дека тие ќе обезбедат безбедност и мир за народот на Русија.

Шефот на државата им се заблагодари и на жените кои служат во вооружените сили на Руската Федерација.

„ Посебни зборови на почит за жените кои ја извршуваат својата должност, служат во редовите на руските вооружени сили. Ви благодариме за вашата лојалност кон татковината“, рече Путин.

Share
Scroll to Top