Рускиот претседател Владимир Путин разговарал телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Спутник“, повикувајќи се на соопштение од Кремљ. Теми на разговорот биле нафтата, Иран, Украина и Венецуела.
Путин и Трамп за време на телефонскиот разговор изразиле подготвеност редовно да комуницираат, соопштил помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
Претседателот на САД истакна дека, како што претходно било договорено, таквата комуникација треба, се разбира, да се одвива на редовна основа. И двајцата лидери рекоа дека се подготвени за тоа – изјави Ушаков пред новинарите.
Трамп во разговорот ја изнел својата оценка за развојот на ситуацијата во Иран.
„По тоа прашање беше одржана многу содржајна и, мислам, не бескорисна размена на мислења“, истакна Ушаков.
Претседателот на Русија, од своја страна, дал оценка за ситуацијата во зоната на „специјалната воена операција“.
„Дадена е оценка за актуелната ситуација на линијата на разграничување, каде што руските трупи напредуваат многу успешно“, изјави Ушаков по телефонскиот разговор на двајцата лидери.
Претседателите се осврнале и на прашањето за Венецуела, пред сè во контекст на состојбата на светскиот пазар на нафта.
Според неговите зборови, разговорот траел околу еден час.
Разговорот бил остварен на американска иницијатива.
Фото: Depositphotos
Текстот Путин и Трамп разговарале за Иран, Украина и нафтата е превземен од МАКФАКС.






