Путин и Шји ќе потпишат повеќе од 15 договори

пред 3 години

Русија и Кина ќе разговараат за гасната и финансиската соработка, а целта е таа соработка да се зајакне, соопшти Кремљ во пресрет на патувањето на рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг за отворањето на Зимските олимписки игри.

„ Путин и неговиот колега Шји Џинпинг ќе ручаат заедно во петок и би можеле да потпишат повеќе од 15 договори“, изјави за новинарите функционерот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Тој додаде дека Путин ќе биде на свеченото отворање и дека се направени многу нови договори за испорака на природен гас. Ушаков рече и дека се направени сериозни напори за создавање на заедничка финансиска инфраструктура која би била отпорна на надворешни санкции.

Освен Путин, на отворањето на Зимските олимписки игри во 2022 година ќе бидат и министрите Сергеј Лавров, Николај Шулгинов и директорот на „Роснефт“, Игор Сечин, откри Ушаков.

Share
Scroll to Top