Путин: Кризата со растот на светските цени нема никаква врска со Русија

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин повтори дека постапките на Москва немаат никаква врска со енергетската и прехранбената криза во светот и повторно го обвини Западот дека неговата економска и финансиска политика создала такво сценарио, пренесуваат агенциите во светот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Сегашни и поранешни енергетски функционери изјавиле за Си-Ен-Ен дека се загрижени дека руската инвазија на Украина, по долгогодишно недоволно инвестирање во енергетскиот сектор, ќе го доведе светот во криза, која дури може да ја надмине нафтената криза од 1970-тите и раните 1980-ти.

Според анализите на светските медиуми, американскиот претседател Џо Бајден ја обвини руската инвазија на Украина за растот на цените на домашниот пазар, но и за недостиг на храна на глобално ниво.

Во интервју за рускиот државен Канал 1, Путин ги обвинил Соединетите Американски Држави дека „пумпаат големи суми пари“ во нивната економија како дел од борбата против ефектите од пандемијата на коронавирус, што доведе до инфлација и недостиг на храна а цените на храната скокнаа.

Како уште една причина за кризата на пазарите на храна и енергија, тој ги обвинил и краткорочните политики на европските земји, а пред се на Европската комисија, во енергетскиот сектор.

„Меѓу другото, Европејците не ги послушаа нашите итни барања за зачувување на долгорочните договори за снабдување со ист природен гас во европските земји, а исто така почнаа да ги раскинуваат договорите. Тоа имаше негативно влијание врз европскиот енергетски пазар – цените скокнаа. Русија нема апсолутно никаква врска со тоа“, изјавил Путин.

Штом поскапе бензинот, веднаш скокнаа и цените на ѓубривата, бидејќи некои од нив се произведуваат и со помош на гас. Сè е меѓусебно поврзано, додал Путин.

„Но, ние предупредивме за тоа и тоа нема никаква врска со каква било воена операција во Русија“, рекол тој.

Кремљ минатата недела соопшти дека Москва е подготвена да даде значаен придонес преку извоз на жито и ѓубрива за да се избегне кризата со храна, но само доколку Западот ги укине политички мотивираните ограничувања за Русија.

Share
Scroll to Top