Путин наложи зголемувањето на популацијата во Русија да биде владина цел

пред 4 години

Рускиот претседател Владимир Путин постави цел владата да обезбеди зголемување на бројот на населението во земјата до крајот на 2024 година, објави денеска Кремљ.

„Владата доби задача да ги постигне националните развојни цели преку зголемување на бројот на населението до 2024 година, како и да се осигура дека просечниот животен век на граѓаните е 75 години до крајот на 2025 година“, се наведува во документот, а пренесе ТАСС.

На состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, Путин нагласил дека од 2012 до 2018 година, населението во Русија се зголемило за 3,8 милиони луѓе, но потоа, поради демографските јазови и други околности, државата се соочила со неповолна слика по прашањата на наталитетот и заминувањето на населението.

Рускиот претседател потоа побарал од владата да го разгледа овој факт подетално, нагласувајќи дека целите треба да бидат реални и амбициозни во исто време.

Share
Scroll to Top