Путин: Нема да дозволиме никој да се меша во нашите избори

Путин: Нема да дозволиме никој да се меша во нашите избори

пред 1 година

Одлучно ќе го запреме секој обид за внатрешно или надворешно мешање во изборните процеси во Русија, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин.

Тој истакна дека членовите на руската изборна комисија направиле се, за успешно да одговорат на сите предизвици, вклучително и оние поврзани со гласањето во новите региони на Русија. Во овој контекст, тој особено им се заблагодари на оние кои работат во новите региони и призна дека нивната работа е особено тешка.

Претседателот на Русија денеска им додели специјални државни награди на членовите на комисијата, по повод 30 години од воспоставувањето на рускиот изборен систем. Пет лица добија награди.

Тој, исто така, истакна дека никаде во светот за време на избори не се користи видеонадзор толку колку што е во Русија. Денеска видео надзорот се користи како еден од контролните механизми во најголемиот број избирачки места.

Исто така, рускиот лидер го привлече вниманието на важноста на Изборната комисија, која ја нарече еден од најважните државни институти. Тој рече и дека нивната ефикасна работа придонесе денес мнозинството руски граѓани, над 60 отсто од нив, да веруваат во исправноста на изборните резултати, пренесува Танјуг.

Текстот Путин: Нема да дозволиме никој да се меша во нашите избори е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top