Европската Унија со отфрлањето на руската енергија си прави економско самоубиство, изјавил претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, на состанокот посветен на ситуацијата во нафтениот сектор, според медиумите во регионот.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Денес, гледаме дека од апсолутно политички причини, поради сопствените амбиции и под притисок на американскиот господар, европските земји воведуваат нови санкции на пазарите на нафта и гас. Сето тоа води кон пораст на инфлацијата и наместо да ги признаат своите грешки, тие бараат виновници од страна“, рекол Путин, пренесува „РИА новости“.
Тој посочил дека Европа на долг рок ќе стане регион со високи цени на енергијата.
„Се добива впечаток дека нашите западни колеги, политичари и економисти, едноставно ги заборавија основите на елементарните економски закони или на нивна штета претпочитаат намерно да ги игнорираат“, рекол Путин, според извештајот на „Спутник интернешнл“.
Тој додал дека недвосмислено, заедно со енергетските ресурси на Русија, од Европа во другите региони во светот ќе замине и економската активност.
„Таков економски автогол или самоубиство е, се разбира, внатрешно прашање на европските земји. Мораме да се однесуваме прагматично и да тргнеме првенствено од сопствените економски интереси“, нагласил Путин.
Тој ги повикал руските власти да дејствуваат поактивно во услови на безумни и хаотични акции преземени од некои од западните партнери и тоа да го свртат во корист на Москва.