Путин: Пандемијата полека се повлекува, но рано е за опуштање

пред 3 години

Владимир Путин изјави дека пандемијата на коронавирус постепено се повлекува и дека стапката на смртност во Русија е задоволителна во споредба со другите земји.

„Бројот на заболени се намалува. Бројот на луѓе кои, фала му на Бога, закрепнаа, во последно време го надминува бројот на новозаболени”, рече Путин на владината седница.

Путин посочи дека показателите за пандемијата во Русија се подобри отколку во многу други земји, пренесува РИА Новости.

„Имаме околу 12 пациенти на 100.000 жители. Тоа е четири пати помалку отколку во многу европски земји”, додаде рускиот претседател.

Во исто време, Путин посочи дека е рано за опуштање во борбата против коронавирусот и дека треба да се почитуваат сите мерки на претпазливост и да има резерва на болнички кревети, пренесува ТАСС.

Тој побара од сојузните и регионалните власти да продолжат кохерентно да се борат против ширењето на коронавирусот.

Путин процени дека околу 68 милиони Руси треба да се вакцинираат против коронавирус.

Share
Scroll to Top