Путин повика на прекин на огнот во Нагорно – Карабах

пред 4 години

Рускиот претседател, Владимир Путин, повика на прекин на огнот во Нагорно – Карабах од хуманитарни причини за да можат двете страни да ги разменат телата на загинатите и затворениците. „По серијата телефонски разговори со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и со ерменскиот премиер Никола Пашинјан, претседателот на Русија повика на прекин на борбените дејства во Нагорно – Карабах, од хуманитарни причини, со цел размена на телата на мртвите и затвореници“, соопшти Кремљ, пренесе „Спутник“. Путин ги покани и министрите за надворешни работи на двете земји да дојдат во Русија на консултации за состојбата во Нагорно – Карабах.

Share
Scroll to Top