Изборите во Русија ќе се одржат на 17 март 2024 година, а Владимир Путин ја објави својата кандидатура за уште еден шестгодишен мандат.
Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека ќе се кандидира за нов мандат на претседателските избори во 2024 година, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.
Претседателката на Централната изборна комисија Ела Памфилова изјави дека изборите ќе траат три дена – од 15 до 17 март.
Соопштението следи по повеќемесечните шпекулации за тоа дали 71-годишникот, кој е на власт од 2000 година, планира да биде уште шест години на функцијата.
Владимир Путин беше избран за претседател на Русија четири пати во 2000, 2004, 2012 и 2018 година.
Текстот Путин повторно ќе се кандидира за претседател е превземен од МАКФАКС.