Рускиот претседател Владимир Путин, наводно, наредил да се формира работна група за меѓународни плаќања чија задача ќе биде да ги утврдува условите за трансакции со државите „непријатели“, пренесува Ројтерс.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Рускиот лидер во март најави дека Русија ќе бара од „непријателските“ земји да плаќаат гориво исклучиво во рубли и дека мора да отворат сметка во Газпромбанк.
Откако Полска и Бугарија одбија да го сторат тоа, нивното снабдување со гориво беше прекинато. Русија го наведе ова како пример, предупредувајќи ги другите дека истото ќе им се случи и на нив.
Според Ројтерс, работната група ќе ја дизајнира инфраструктурата за меѓународни плаќања, вклучително и во руски рубли, со трговски партнери од странски земји кои ќе спроведуваат „непријателски“ акции против Русија.
Работната група ќе ја предводи Максим Орешкин, кој исто така има задача да изнајде мерки за намалување на ризиците поврзани со замрзнувањето на речиси половина од руските девизни резерви од 640 милијарди долари, наведува Ројтерс.